Организаторите бараат целосна и транспарентна истрага за убиството во Богданци и утврдување одговорност за секој институционален пропуст. Меѓу барањата се и итно усвојување на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, кои се поднесени во Собранието во август, како и враќање на поимот „род“ во законите, упатствата и програмите од кои е отстранет
Граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе!“ организира протестен марш против фемицидите, институционалното насилство и неказнивоста, в недела, 8 ноември, со почеток во 12 часот во паркот „Жена борец“ во Скопје.

Повод за протестот е убиството на 17-годишната Билјана Кириќ во Богданци, која, според иницијативата, претходно пријавувала насилство и закани по животот, а и покрај изречените мерки за заштита, беше убиена од својот партнер.
Од иницијативата посочуваат дека случајот повторно ги отвора прашањата за институционалното постапување, пропустите и недоволната заштита на жените кои пријавуваат насилство. Тие бараат целосна и транспарентна истрага за убиството на Билјана и утврдување одговорност за секој институционален пропуст.
„Билјана е девојче од 17 години. Пријавила насилство и закани по живот. Биле изречени мерки за заштита. Денес е мртва. Рамајана, Росица, Танкица, Ивана, Катја, Билјана. Уште колку имиња треба да научиме за институциите да почнат да ја преземаат својата одговорност?“,
прашуваат од иницијативата.
Маршот ќе започне од паркот „Жена борец“, ќе продолжи покрај Собранието и Министерството за правда, а ќе заврши пред Министерството за образование и наука.
Организаторите бараат целосна и транспарентна истрага за убиството во Богданци и утврдување одговорност за секој институционален пропуст. Меѓу барањата се и итно усвојување на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, кои се поднесени во Собранието во август, како и враќање на поимот „род“ во законите, упатствата и програмите од кои е отстранет.
Дополнително, иницијативата бара разрешување од јавни функции и раководни позиции на лицата кои повикуваат на контрола врз жените, го оправдуваат или го нормализираат насилството врз нив.
Од иницијативата нагласуваат дека протестот е граѓански и дека не е простор за партиска промоција. Порачаа дека партиски претставници, обележја, знамиња и настапи не се добредојдени.
„Не бараме сочувство. Бараме одговорност“,
порачуваат организаторите.
На социјалните мрежи за денеска е најавен протест во Богданци по убиството на 17-годишната девојка.

Протестот, според најавите, ќе започне во 19 часот во Градскиот парк во Богданци.
„Ова е повик за заедничко изразување револт, поддршка и барање за правда. Повик да не молчиме пред насилството врз жените и да побараме поголема одговорност, заштита и навремена реакција од институциите. Да покажеме солидарност. Да испратиме порака дека насилството не смее да се премолчува“,
се наведува во повикот објавен на социјални
