Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје в недела (9 февруари) со почеток од 22 часот ќе организира пренос во живо од доделувањето на „Оскарите“ и заедничко навивање за „Медена земја“. Билетите се бесплатни
„Иако првично беше најавено дека следењето во живо на доделувањето на „Оскарите“ ќе се емитува само во киното ‘Фросина’, поради голем интерес од јавноста, за преносот ќе биде отворено цело МКЦ, а следењето на најпрестижните филмски награди ќе биде на повеќе екрани“,
соопштија од Град Скопје.
Во програмата е предвидено од 22:30 часот да се емитува филмот „Медена земја“, а ќе настапува и музичката група „Фолтин“.
„Заинтересираните граѓани треба навреме да ги подигнат бесплатните билети, а истите се достапни само на билетарницата во МКЦ“,
нагласуваат од Град Скопје.
Документарецот „Медена земја“ испиша историја. Тој е прв македонски филм со две номинации за „Оскар“ – за најдобар документарец и за најдобар странски филм, но се запиша во филмската историја и како прв документарец со две номинации во историјата на „Оскарите“.
*Поврзани вести:
„Франс прес“: Атиџе, македонската пчеларка, го шармира Холивуд
Дијаспората в недела ќе се собира во Вашингтон да навива за „Медена земја“ на Оскарите
(ВИДЕО) Од Бекирлија до Холивуд – како се снимаше „Медена земја“