Маж завржи во 30-дневен притвор откако вчера на територијата на општините Гостивар и Тетово го прекршил полицискиот час, а кога полициска патрола сакала да го запре тој удрил во полицаец и оштетил неколку полициски возила, информираше дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.
„Полициските службеници го жртвуваат својот живот за сите нас, и секој еден кој ја загрозува нивната безбедност мора да биде казнет. Поддршка за припадниците на Министерството за внатрешни работи кои професионално и чесно ги извршуваат своите работни задачи“,
порача Петровка.