Задолжително носење маски на отворено, локалните самоуправи не смеат да издаваат дозволи за собирања на поголема група луѓе, белградската „Арена“ од понеделник повторно ќе биде претворена во ковид-болница, рестораните ќе мора да имаат одговорно лице за спроведување на мерките внатре во објектот.
Ова се дел од новите мерки што денеска ги донесе Кризниот штаб во Србија, со што ги заостри досегашните мерки поради тоа што во изминатите два дена бројот на заразени е над 200 дневно.
Во сила остануваат и општите превентивни мерки, како физичкото растојание и носењето на маските.
Последните неколку дена во Србија се забележува голем скок во бројот на заразени – вчера 203 нови случаи од 6 504 тестирани, додека завчера тој број бил 245.