Говорот од Стразбур ќе го означи второто „лансирање“ на ова шестмесечно претседателство. Првото беше на 9 декември, во Елисејската палата, кога Макрон им ги претстави на новинарите главните линии на неговотот европско претседателство
Францускиот претседател Емануел Макрон, денска во Европскиот парламент во Стразбур ќе ги претстави програмата и целите на француското претседателство со Европската унија. Како што соопшти Елисејската палата, неговиот говор ќе биде проследен и од Брисел и другите земји-членки на ЕУ, бидејќи францускиот претседател ќе се обрати во име на сите 27 земји на Унијата.
Говорот од Стразбур ќе го означи второто „лансирање“ на ова шестмесечно претседателство. Првото беше на 9 декември, во Елисејската палата, кога Макрон им ги претстави на новинарите главните линии на неговотот европско претседателство.
Францускиот претседател ќе изрази надеж дека брзо и конкретно ќе се постигнат резултати за решавање на неколку прашања, како минималната плата, данокот на јаглерод и реформата на Шенген зоната со цел подобра борба против нерегуларната миграција. Макрон ќе го спомене „уникатниот пат на Европа“ кој треба да биде сила за стабилност во „турбулентен меѓународен контекст“ особено обележан со тензиите меѓу Русија и Украина на границите на ЕУ.
Говорот на Макрон треба да трае околу 20 минути, по што ќе следуваат прашања од членовите на Европскиот парламент.
Емануел Макрон ужива популарност на 38 отсто од Французите три месеци пред првиот круг од претседателските избори, а неговата популарност е поголема од неговите претходници во истиот период.