„Навремено се исплатени дополнителни субвенции за оризот. Минатата недела беше реализирана исплата во вредност од над 4,5 милиони евра кон 9 055 полјоделци. Со тоа, пред време е завршена оваа авансна исплата, во период кога тие ги подготвуваат нивите“, рече министерот за земјоделство
Нашето македонско бело злато – оризот конечно го вградивме во листата на стратешки важни култури за државата. Исполнивме уште еден даден збор пред земјоделците. На предлог на Министерството за земјоделство се направија измените на Законот за стокови резерви, со што оризовата арпа се вбројува во листатата на стратешки култури за државата. Ова денеска го изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски при неговата посета на оризовите полиња во општина Чешиново-Облежево.
„Оризот е наша важна традиционална житна култура и нашата поддршка кон оризопроизводителите. Од оваа година производителите на ориз, како и сите други земјоделци, вклучувајќи ги за прв пат и тутунопроизводителите ќе добиваат стопроцентна поддрша за зелена нафта за нивната механизација, преку Платежна агенција, што е дополнителен буџет од 10 милиони евра. Директната финансиска поддршка на оризопроизводителите во изминатите шест години е зголеман за 300 отсто, обезбедена е помош за набавка на специјализирани комбајни за ориз, за што има голем интерес во регионот. Постојнао добиваме прашања кога ќе биде објавен следниот повик“,
вели тој.
Според него, со новиот модел на субвенционирање стана стратешка земјоделска култура, одбрана за стопроцентна поддрша од државата.
„Навремено се исплатени дополнителни субвенции за оризот. Минатата недела беше реализирана исплата во вредност од над 4,5 милиони евра кон 9 055 полјоделци. Со тоа, пред време е завршена оваа авансна исплата, во период кога тие ги подготвуваат нивите“,
рече Николовски.
Се цени македонскиот ориз, како што рече министерот, а се зголемува вредноста и мора да се цени и трудот на оризопроизводителите.
„Бележиме добра цена на оризовата арпа, таа достигна цена до 40 денари за килограм. Она што радува е рекордниот извоз постигнат оваа година, кој достигна вредност од околу седум милиони евра, што е двојно повеќе од пред неколку години“,
вели министерот за земјоделство.