На бизнис-форумот во Хрватска ќе присуствува и ќе се обрати и вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе присуствува и ќе се обрати на бизнис-форум со Стопански комори на Република Северна Македонија и Република Хрватска.
Бизнис-форумот го организира Хрватската стопанска комора, а ќе учествуваат и претставници од македонските стопански комори, меѓу кои и претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, и претседателот на Стопанската комора на северно-западна Македонија, Неби Хоџа, како и голем број на компании од двете земји.
Од кабинетот на заменик-претседателот на Владата информираат дека во рамки на бизнис-форумот вицепремиерот Битиќи ќе оствари и билатерална средба со потпретседателот на Владата на Република Хрватска, министерот за море, промет и инфраструктура Олег Бутковиќ.