Македонскиот полициски синдикат реагира за новиот трет синдикат во МВР: Дефинитивно му пречиме на некого
Откако денеска во МВР беше формиран и официјално почна со работат трет синдикат под името „Синдикат на полицијата во Македонија“, од Македонскиот полициски синдикат реагираат дека некому му пречат и во вперуваат прстот кон министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.
Од овој синдикат велат дека еден и единствен репрезентативен синдикат кој функционира во МВР, што неколу, според нив, дефинитивно му пречи.
„Македонскиот полициски синдикат го повикува министерот за внатрешни работи г. Наќе Чулев наместо да ги пушта своите полтрони и ’квази синдикати-поединци‘ да лаат по улици и на пресови, да излезе во јавноста и на транспарентен начин да ги извести нашите членови вработени во МВР, посебно тие на кои работните места им се во 1 зграда во кругот на Министерството, и да каже кој е неговиот советник што е позитивен на ковид-19, а се со цел да се скенира состојбата и да се утврди кој сè бил во контакт со истиот, да се стават во самоизолација со што би се спречило евентуално ширење на заразата“,
велат од Македонскиот полициски синдикат.
Нашиот синдикат, велат оттаму, секогаш ќе биде на страна на полициските службеници кои чесно ги извршуваат работните задача и затоа апелираат на вработените во МВР да останат имуни на дневно-политичките влијанија и да останат доследни на законите.
Исто така им се заблагодаруваат на полицајците кои деноноќно се на терен и заедно во првата борбена линија со медицинскиот персонал, вложуваат натчовечки напори во справување со ситуацијата со ковид-19.