Во три дена ги провалил касите на четири џамии во различни градови и украл пари

Српската полиција уапси 66. годишен државјанин на Северна Македонија, под сомнение дека ограбил четири џамии во Нови Пазар, Тутин и Сјеница, објави „Н1“.
Тој е осомничен дека во период од 29 април до 1 мај, ги провалил касите во џамиите во наведените градови и украл пари.
За време на увидот, полицијата кај осомничениот со иницијали М. З. пронашла нож и електрошок, поради што против него е поднесена прекршочна пријава.
Тој e во 48 часовен притвор, по што ќе биде изведен пред обвинител во Основното јавно обвинителство во Нови Пазар.
