Тетово е константно завиено во магла веќе со недели, а загаденоста на воздухот урива рекорди. Жителите со кои поразговаравме велат дека во градот не се дише особено наутро и навечер кога се чувствува силна смрдеа на чад
Поради маглата во Скопската котлина дел од утринските летови од Меѓународниот аеродром Скопје ќе се реализираат со задоцнување, покажуваат податоците од веб-страницата на аердромот.
Покрај во Скопје, појава на магла со намалена видливост има во Полог, Пелагонија, Куманово, централниот дел на Повардарието.
Тетово е константно завиено во магла веќе со недели, а загаденоста на воздухот урива рекорди. Жителите со кои поразговаравме велат дека во градот не се дише особено наутро и навечер кога се чувствува силна смрдеа на чад.

Фото: „360 степени“
АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата информира дека на патните правци Тетово – Групчин, Битола – Прилеп, Скопје – Куманово и Скопје – Велес видливоста е намалена на 20 – 30 метри.
УХМР најави дека и во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури. В среда ќе дува умерен северозападен ветер, што ќе ги намали условите за магла.