На партиска прес-конференција новата заменик-претседателка на СДСМ најави промени во партијата со отворање на повикот за членови и претседатели на 19 партиски комисии. Покрај за членовите, како што рече, се подава рака и за луѓе надвор од партијата
Новата заменик-претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска, смета дека Владата и СДСМ направиле сè што се однесува до исполнувањето на критериумите за почеток на преговорите за членство на ЕУ, а сега е на ред Унијата да испорача.
Таа вели за поздравување се позитивните сигнали кои стигаат изминатите денови и сега треба да се остварат дадените ветувања од Брисел.
„Република Северна Македонија направи многу, Владата на СДСМ направи многу во целиот овој процес. Исто така, можам да кажам дека ги исполнивме сите оние критериуми за отпочнување на преговорите. Имаме позитивен извештај, имаме позитивна одлука, имаме поддршка и одлука од сите 27 земји-членки на ЕУ сега на ред е всушност Европската Унија да го испорача она коешто е ветено, тие се очекувањата“,
изјави Лукаревска.
На партиска прес-конференција заменик-претседателката на СДСМ најави промени во партијата со отворање на повикот за членови и претседатели на 19 партиски комисии. Покрај за членовите, како што рече, се подава рака и за луѓе надвор од партијата.
„Ги отвориме вратите за сите оние кои се блиски до или се заинтересирани за идеите на социјалдемократијата, а досега не биле активно вклучени во политичкиот живот во нашата земја. Еве подадена рака за активно учество во креирањето на нашите политики, но и кадровско учество во сите нивоа. СДСМ не е елитен клуб, туку обединител на сите граѓани со прогресивни идеи во Република Северна Македонија“,
рече Лукаревска.