Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција најави дека по вчерашното воведување на полицискиот час, дополнително ќе се заоструваат мерките.
Утре, посочи, тој ќе се дискутира за воведување на дополнителна забрана за движење на лицата над 65 години.
„Утре ќе биде дискутирано да се воведат и дополнителни мерки. Станува збор за граѓаните над 65 години за кои сметаме дека и дополнително ќе треба да им биде ограничено движењето преку ден, нормално со дозвола да се движат во раните утрински часови за да се задоволат потребите како одење до аптека и продавница, но не и преку останатиот дел на денот. Деталите ќе ги соопштиме во текот на утрешниот ден“,
рече министерот.
Тој најави дополнителни мерки и за малолетниците кои не се ризична група, но се проценуваат како лица кои може да го пренесуваат вирусот. Сепак, деталите и официјалната мерка ќе биде позната утре.
Министерот уште еднаш апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерки и да седат дома.
„Ништо не можат да направат здравствените работници ако граѓаните не им помогнат. Никогаш претходно не ни била потребна помошта од граѓаните како сега. Ние здравствените работници тоа не можеме сами да го направиме, мораме сите заедно. Апелирам, луѓе почитувајте ги мерките кои ги носиме“,
побара Филипче.