Состанокот следува откако Русија изврши ракетни удари на најмалку 10 украински градови, вклучително и Киев, во обемен напад врз граѓански објекти и енергетска инфраструктура
Лидерите на групата седум индустриски најразвиени држави (Г-7) денеска ќе одржи виртуелен самит, на кој ќе се дискутира за најновите случувања во Украина, јави Њујорк тајмс.
Вашингтон пост јави дека на состанокот треба да се обрати и украинскиот претседател Володомир Зеленски.
Во Г-7 членуваат САД, Канада, Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Јапонија.
Состанокот следува откако Русија изврши ракетни удари на најмалку 10 украински градови, вклучително и Киев, во обемен напад врз граѓански објекти и енергетска инфраструктура, за кои денеска и Путин потврди дека тој стои зад нив. Нападите убија најмалку 11 лица, јави официјален Киев.
Тие се случија два дена по експлозијата и делумното уривање на мостот што го поврзува полуостровот Крим, анектиран од Москва во 2014 година, и копнениот дел на Русија – напад за кој Путин ја обвини Укриана за тероризам.