Земјите од Г7 апелираа и до Минск „да престане да ѝ помага“ на Москва во спроведувањето на специјална воена операција во Украина
Лидерите на земјите од Г7 (Велика Британија, Германија, Италија, Канада, САД, Франција и Јапонија) по самитот во онлајн формат усвоија заедничка изјава за ситуацијата околу Украина, соопшти прес-службата на германската влада.
„Ги осудуваме намерните чекори на Русија кон ескалација, вклучително и делумна мобилизација на резервистите и неодговорната нуклеарна реторика која го загрозува глобалниот мир и безбедност. Повторуваме дека секоја употреба на хемиско, биолошко или нуклеарно оружје од страна на Русија ќе има сериозни последици“,
се наведува во соопштението.
Земјите од Г7 го поддржуваат „мирното решавање на конфликтот на Украина со Русија“, иако претседателот на Украина Володимир Зеленски претходно потпиша указ за неможност за преговори со претседателот на Русија Владимир Путин.
Земјите од Г7 го осудуваат и недвосмислено го отфрлаат рускиот „незаконски обид за анексија на регионите Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон во Украина, покрај Автономната Република Крим и Севастопол“. Тие наведуваат дека никогаш нема да ги признаат „лажните референдуми што Русија ги користи за да ја оправда анексијата“.
Лидерите на Г7 ја изразија својата намера да продолжат да ги поддржуваат акциите на Украина во конфликтот.
„Ќе продолжиме да даваме финансиска, хуманитарна, воена, дипломатска и правна помош на Украина и цврсто ќе ја поддржуваме се додека тоа е неопходно. Имаме намера да ѝ помогнеме на Украина да ги задоволи потребите за време на подготовките за зимата“,.
соопшти прес-службата на германската влада.
Тие исто така нагласија дека даваат „целосна поддршка за независноста на Украина и нејзиниот суверенитет во меѓународно признатите граници“.
„Во согласност со меѓународното право, особено во согласност со Повелбата на ОН, Украина има законско право да се брани од руската агресија и да воспостави целосна контрола над својата територија во согласност со меѓународно признатите граници“,
се наведува во документот.
Земјите од Г7 апелираа и до Минск „да престане да ѝ помага“ на Москва во спроведувањето на специјална воена операција во Украина.
„Најавата за формирање заедничка воена група со Русија е најнов пример за соучесништво на белорускиот режим. Повторно го повикуваме режимот на Лукашенко целосно да ги почитува своите обврски од меѓународното право“,
се наведува во документот.
Лидерите на земјите од Г7 имаат намера да продолжат со политиката на санкции против Русија и оние кои ја поддржуваат во ситуацијата околу Украина.
Тие, исто така, изразија длабока загриженост поради намерното оштетување на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2.
„Силно го осудуваме секое намерно уништување на критичната инфраструктура. Ги поздравуваме истрагите кои се во тек“,
се нагласува во соопштението.
Лидерите на Г7 рекоа дека „ќе дејствуваат во тесна координација за да се елиминира негативното влијание на руската агресија врз глобалната економска стабилност, вклучително и со продолжување на соработката за да се обезбеди енергетска безбедност“.
Земјите од Г7 сметаат дека, меѓу другото, руските средства треба да се искористат во процесот на повоена обнова на Украина.