Сабев, исто така, вели дека остануваат и летовите меѓу Софија и Тирана. Во моментов, операторот на летот е пред промена, коментираше кратко бугарскиот министер за транспорт Сабев
Министерот за транспорт на Бугарија Николај Сабев, во изјава за МИА за иднината на авиолинијата Скопје-Софија, вели дека летот до главниот град на Северна Македонија ќе остане и по 15 мај.
Со тоа, како што информира дописникот на МИА од Софија, Сабев, ги демантира информациите што се појавија дека авиокомпанијата „Гуливер“ ги прекинува редовните летови меѓу Софија и Скопје.
Николај Сабев, исто така, коментира дека остануваат и летовите меѓу Софија и Тирана. Во моментов, операторот на летот е пред промена, коментираше кратко бугарскиот министер за транспорт Сабев.
Дел од медиумите, повикувајќи се на специјализираниот портал за авиони „Екс ју авиејшн“ објавија дека од 21 мај прекинува продажбата на авиобилети за летот Софија-Скопје поради непрофитабилност.
Министерот Бујар Османи, денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека најверојатно причина за прекинот се преговорите што ги води авиокомпанијата со бугарската Влада во делот на субвенционирањето.