Дел од медицинскиот персонал на амбулантата во Дебар се позитивни на коронавирусот, објави докторот Арбен Аголи на својот профил на Фејсбук.
Аголи е педијатар и неговата ординација „Педијатрија Д“ се наоѓа во зградата на дебарската болница, кадешто се лекуваат пациенти од заболени со коронавирусот.
„Бидејќи персоналот испадна позитивен од утре амбулантата е под карантин две недели“,
напиша доктор Аголи.

Оваа инфомрација не е потврдена од Министерството за здравство. Но како што најави министерот Венко Филипче, во текот на денот ќе информираат за резултатите од денешните тестови за коронавирусот.
За тоа амбулантата оди две недели под карантин беше соопштено и од официјалната страница на Фејсбук од самата амбуланта.