Министерството за внатрешни работи (МВР) вечерва соопшти дека по извршените проверки е утврдено дека сите дојави за поставена експлозивна направа во училишта во Скопје и Куманово, што пристигнаа денеска на нивните електронски адреси, се лажни.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“,
информираат од МВР.
Дојави за наводно поставени бомби попладнево пристигнаа на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и осум во Куманово.
Вчера, исто така, имаше дојави за во 20 училишта, но сите беа во Скопје. По направените проверки, како и по сите претходно во изминатиот период, се утврди дека се лажни.