Според Лавров ЕУ нема своја политика, туку „потполно се води по интересот на Америка“, а на Борел му порача дека е шеф на дипломатија, а не воен лидер на Унијата
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека иницијативата на шефот на евроопската дипломатија Жозеп Борел да се замрзнат средствата на Русија во западните банки и да им се дадат на Русија, претставува „грабеж“.
„Тоа би можело да се нарече грабеж, а тие тоа веќе не се обидуваат ниту да го сокријат“,
рече Лавров на конференцијата за медиуми во Алжир, пренесува Тасс.
Лавров и минатата недела го обвини Западот за кражба на 300 милијарди долари од руските девизни резерви, само за да ја казнат Русија поради војната во Украина.
Министерот за надворешни работи на Русија денеска го обвини и Западот и поради замрзнување на средствата на Централната банка на Авганистан, истакнувајќи дека тие пари нема да бидат искористени за потребите на луѓето во таа држава.
Според Лавров ЕУ нема своја политика, туку „потполно се води по интересот на Америка“, а на Борел му порача дека е шеф на дипломатија, а не воен лидер на Унијата.
„Можеби наскоро ќе можеме да видиме како се укинува функцијата шеф на европската дипломатија, бидејќи ЕУ практично нема своја надоврешна политика, туку строго го поддржува она што е наметнато од САД“,
изјави Лавров.
Пред неколку дена шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, даде предлог за замрзнување на руските средва во западните банки и тие пари да бидат искористени за обнова на Украина по завршувањето на војната.