Американците потврдиле дека нема да испратат воени експерти во Украина во врска со испораката на ракетните одбранбени системи „Патриот“, посочи Лавров
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД преку дипломатски канали им кажале дека не сакаат и нема директно да се борат против Русија. Тој исто така додаде дека Американците потврдиле дека нема да испратат воени експерти во Украина во врска со испораката на ракетните одбранбени системи „Патриот“, пренесува руската државна новинска агенција Тасс.
„Ги прашавме Американците преку каналите што се уште ги има нашата амбасада, дали одлуката за испраќање на системот ‘Патриот’ (во Украина) значи дека таму ќе бидат и американски експерти, со оглед на сложеноста на работата со овие системи. Детално ни беше одговорено дека ова не било планирано затоа што Американците не сакаат и нема директно да се борат против Русија; Системите ‘Патриот’ ќе бидат распоредени во рок од неколку месеци додека украинските војници се запознаат со оваа технологија“,
рече Лавров.
Бајден најави нов пакет воена помош за време на посетата на Зеленски
Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе може да ги уништи системите „Патриот“ доколку Вашингтон му ги достави на Киев. Тој, исто така, истакна дека „Патриот е прилично стар систем“ и не функционира толку добро како С-300 од руско производство. Тој исто така рече дека Русија ќе најде „противотров“ за овие системи, пренесува агенцијата Тасс.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски го посети Вашингтон на 21 декември на покана на американскиот претседател Џо Бајден. За време на посетата на САД, тој најави нов пакет воена помош за Киев во вредност од 1,85 милијарди долари, вклучувајќи го и системот за воздушна одбрана „Патриот“, кој се состои од фрлач, радар и контролна станица.