Животните покажале респираторни проблеми, течење на носот и сува кашлица, а научниците откриле дека инфекцијата им била пренесена од чувари на зоолошката градина, од кои некои биле асимптоматски
Најновите научни истражувања во Јужноафриканската Република потврдиле дека три лава и две пуми се заразени со коронавирус.
Истражувачите од Универзитетот во Преторија почнале да истражуваат лавови и пуми во неименувана приватна зоолошка градина во Јоханесбург, откако животните покажале респираторни проблеми, течење на носот и сува кашлица.
Научниците откриле дека инфекцијата со ковид-19 на животните била пренесена од чувари на зоолошката градина, од кои некои биле асимптоматски.
Истражувањето исто така откри дека сите три лава биле заразени со варијантата делта, додека една пума била заразена за време на првиот бран на пандемијата, но примероците не биле генски анализирани.
„Исто така, важно е да се процени ризикот од последователна трансмисија меѓу животните и продолжено мутирање, што може да доведе до нови варијанти“,
предупредија научниците од Преторија.