Фондот им вети на пациентите бесплатен генерички лек како замена за лекот „фостер“’”. А, сега ниту тој генерички лек кој на рецепт е бесплатен, според информациите кои стигнаа до нас, се уште го нема во аптеките. Ова е бесрамно поигрување со здравјето на хронично болните пациенти чие здравје зависи од овој лек, кажа Кузеска
Владата ги изигра и излажа пациентите кои боледуваат од астма и хронична опструктивна белодробна болест, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конфенција. Покрај зголемувањето на цената на лекот „фостер“ околу 300 на 1 080 денари, во аптеките го нема ниту заменскиот лек, вели Кузеска.
„Во оваа сиромаштија во која ВМРО ги доведе граѓаните, многу пациенти едноставно немаат можност да издвојат уште 780 денари плус за терапија без која не можат нормално да живеат. Фондот им вети на пациентите бесплатен генерички лек како замена за лекот ’фостер’. А, сега ниту тој генерички лек кој на рецепт е бесплатен, според информациите кои стигнаа до нас, се уште го нема во аптеките. Ова е бесрамно поигрување со здравјето на хронично болните пациенти чие здравје зависи од овој лек,“
рече Кузеска.

Кузеска додава дека станува збор за неопходен лек, терапија за која пациентите не може да чекаат.
„За пациентите со астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), тоа е секојдневна терапија без која болеста може сериозно да се влоши. Овие пацинети зависат од редовната терапија, и секое нередовно земање на лекот може сериозно да го влоши нивното здравје. Кој ќе понесе одговорност тогаш“,
додава Кузеска.
Таа посочи дека не се случува за прв пат граѓаните да останат без неопходна терапија, потсети дека минатата година и онколошките пациенти немаа биолошката терапија.
„Најиронично е што човекот кој направи хаос во Фондот за здравство, Мицкоски го награди со министерска функција и тоа повторно во ресорот здравство. После две години од ВМРО на власт, се случува распад на здравствениот систем кој не може да го заштити она што е највредно – здравјето на граѓаните. Наместо функционален здравствен систем, имаме систем во кој пациентите секојдневно стравуваат дали ќе ја добијат терапијата што им го спасува здравјето“,
вели Кузеска.
Вчера директорот на ФЗО Сашо Клековски одржа прес-конефенција на која соопшти дека од 1 јули неколку нови лекови се ставени на позитивната листа. Трите често препишувани антикоагуланти – „еноксапарин“, „надропарин“ и „ривароксабан“, се издаваат со рецепт во аптеките.
„За антикоагулансите ќе обезбедиме период од 15 дена за кои ќе признаваме рефундации. Од 1 до 15 јули ќе прифаќаме рефундации за да надоместиме за инертноста на аптеките, бидејќи не сакаме граѓаните да бидат поставени во лоша позиција“,
рече Клековски.
Во однос на лекот „фостер“, кој скокна од 300 на 1 080 денари, а заменскиот лек се уште го нема, Клековски, вчера кажа дека во тек се преговори со производители и најави решение до крајот на неделава.
