Во Турција е уапсена Сиријка која е осомничена за нападот во Истанбул. Таа работи за курдските милитанти, информираше турската полиција
Курдската милитантна група ПКК негираше вмешаност во бомбашкиот напад во неделата во Истанбул велејќи дека нивна цел не се цивили, стои во изјавата на веб-страница на ПКК, пренесува Ројтерс.
„Не доаѓа предвид да гаѓаме цивили на кој било начин“,
соопшти Курдската работничка партија (ПКК) отфрлајќи ги тврдењата на Турција дека таа и сириската курдска милиција ЈПГ се одговорни за експлозијата во која загинаа шест лица.
Во Турција е уапсена Сиријка која е осомничена за нападот во Истанбул. Таа работи за курдските милитанти, информира турската полиција.
Во извештајот на полицијата се вели дека 23-годишната Сиријка по име Ахлам Албашир признала оти за нападот добила наредба од Курдската работничка партија (ПКК).
*Поврзани вести:
- (ФОТО+ВИДЕО) Најмалку шест загинати и над 50 повредени во експлозијата во Истанбул
- Пендаровски на македонски и турски јазик изрази сочувство по експлозијата во Истанбул
- Ковачевски: Сочувство до братскиот турски народ
- Досега наши државјани не побарале помош во Истанбул, МНР објави броеви за контакт
- Ердоган се сомнева на тероризам: Бидете сигурни дека одговорните ќе бидат казнети