Владата под итно да донесе мерка со која ќе овозможи работа на маркети и на продавници кои ќе вршат телефонска и он -лајн продажба на прехранбени продукти и диструбуција до купувачите на домашна адреса, во деновите кога трае целодневниот полициски час, бараат од општинскиот Штаб за заштита и спасување
Куманово втор ден е во целосен карантин, откако синоќа во 21 часот почна полицискиот час, кој ќе трае цел викенд, односно до 5 часот утрото во понеделник. Поради наглото ширење на коронавирусот во најголемата општина во земјава, поради што и Владата донесе одлука за продолжување на полицискиот час, денеска повторно заседаваше Општински штаб за заштита и спасување. На состанокот, како што се соопштува се донесени неколку препораки,заклучоци и мерки:
- Апел до граѓаните, при појава на какви било симптоми, кои можат да укажат на инфекција со коронавирус, веднаш даго исконтактираат својот матичен лекар и доколку бидат упатени до болница да не одбиваат хоспитализација ако тоа им е препорачано од дежурниот лекар.
- Дежурен телефон на Општинскиот штаб за заштита и спасување е 078 365 061, на кој граѓаните ќе можат да ги добиваат потребните информации.
- Општинскиот штаб за заштита и спасување до сега имаинформација дека дежурна аптека во градот е „Провиталис“(031 415 303). Штабот апелира и до другите аптеки во градот да воведат ваква услуга за дежурства и да ја почитуваат одлуката за Комисијата за здравство и Владата и за тоа да известат штабот.
- Најзагрозени социјални случаи за асистенција при набавка на неопходни продукти можат да се јавуваат на телефонските броеви : 075 207 126 и 077 71 94 94.
- Согласно со мерките на Владата и информацијата од МВР, земјоделците кои имаат неодложни активности поврзани со производство во атарот на своите села ќе можат да го обработуваат своето земјиште.
- Сите граѓани кои имаат потреба за итни излегувања од дома за време на полициски час (потреба од медицинска услуга или работно ангажирање) да го најават своет оизлегување на телефонскиот број 192 .
- Бараме од Владата под итно да донесе мерка со која ќе овозможи работа на маркети и на продавници кои ќе вршат телефонска и он -лајн продажба на прехранбени продукти и диструбуција до купувачите на домашна адреса, во деновите кога трае целодневниот полициски час.