Куманово со 26 регистрирани случаи на ковид во изминатото деноноќие е со највисока бројка, а по него е Гостивар ос 15 случаи, па Скопје со 13 случаи. Денеска од 912 тестирања на ниво на целата држава потврдени се нови 103 случаи.
Во Прилеп и Демир Хисар се регистрирани по седум случаи на новиот коронавирус, а во Кавадарци шест. Во Штип и Виница денеска има по птет случаи, а по три во Тетово и Свети николе. По два случаи денеска има во Охрид, Крива Паланка, Гевгелија, Делчево и Кичево, а по еден случај во Струмица, Берово и Неготино.
Институтот за јавно здравје регистрираше 187 оздравени пациенти од кои најмногу во Скопје – 60. Вкупно 19 оздравени има во Струга, во Штип 17, во Охрид 16, во Кавадарци 13, во Тетово 12, во Гостивар 11, во Виница 10. Во Кочани денеска се оздравени пет лица, во Прилеп се вкупно четири и по три во Макеоднски Брод и Берово.
По двајца оздравени има и во Битола, Крива Паланка, Демир Хисар, Свети Николе, Кичево и Ресен. А во Кратово и Крушево по еден.
Целата дневна статистика со состојбата со ковид во земјава може да се прочита тука.