Очевидци го слушнале напаѓачот како извикува „Алах Акбар“ („Бог е голем“).
Макрон вечерва ќе посети местото на настанот кој се третира како „напад во врска со терористички потфат
Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва ќе го посети предградието на Париз, Конфлан Сент-Онорин, каде беше обезглавен наставник од родител на ученик. Напаѓачот за време на нападот извикувал „Алах Акбар“ („Бог е голем“).
Макрон ќе замине во предградието северозападно од францускиот главен град по итниот состанок во Министерството за внатрешни работи.
Жртвата, како што објавија француските медиуми, е наставник по историја во средно училиште на колеџот и гимназија „Буа Д’Олн“. Тој неодамна им покажувал на своите ученици карикатури на Мухамед за време на час по слободен говор.
Истрагата која е отворена се води за „напад во врска со терористички потфат“ и „злосторничко терористичко здружување“. Таа е во надлежност на антитерористичките сили на полицијата и Генералната дирекција за внатрешна безбедност (ДГСИ).
Француската полиција го застрела и тешко го повреди напаѓачот.
Обвинител за антитероризам изјави дека се истражува нападот, а полициски извор истакна дека очевидци го слушнале напаѓачот како извикува „Алах Акбар“ .