На денешната седница Владата го усвои предлогот Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територија на цела држава, и му предложина Собранието продолжување на рокот за кризната состојба до 31 декември 2021 година.
Ова, како што се наведува во образложението е заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на Пандемија прогласена од Светската здравствена организација од ковид-19.
Истоо така, на оваа седница утврден е текстот на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи кој предвидува усогласување со реализацијата на Проектот и започнатата имплементација на Европскиот број за итни повици во Република Северна Македонија, E-112.
Имплементацијата на овој проект, како што велат, има за цел ефикасен и целосен одговор при повик-јавување во случај на ризици, опасности или други несреќи на целата територија на Републиката за итно давање и пружање на помош на повикувачот или реакција во врска со пријавена опасност, од страна на Центарот за управување со кризи.