Осомничените, за време на јавен собир на граѓани, учествувале во толпа и заеднички дејствувале така што започнале да ја влечат заштитната метална ограда поставена од МВР. Oткако ја оттргнале оградата, со тврди предмети – камења, бекатон плочки, железни предмети, сообраќајни знаци, корпи за отпадоци, пиротехнички средства и молотови коктели започнале да фрлаат кон зградата на Собранието
Основниот Кривичен суд Скопје, по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор за 8 лица кои учествувале во настаните пред Собранието на 5 – ти јули 2022 година донесе решенија со кои на седум од осумте осомничени им определи мерка куќен притвор, а на еден од осомничените мерка притвор, сите во траење од 8 дена согласно предлогот на обвинителството за водење на истрага во скратена постапка, а заради постоење на основите од чл. 470 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП, односно опасност од бегство и можност да го повтори делото.
Осуммината во текот на вчерашниот ден се спроведени пред судија на претходна постапка при Кривичниот суд, кој по произнесување на осомничените во присуство на бранител, ги донесе овие решенија, се вели во соопштението од Кривичен.
Против овие, неправосилни решенија, странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
ОЈО претходно објави дека поведе постапка против осум полнолетни лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело- Учество во толпа што ќе изврши кривично дело во врска со настаните пред Собранието на Република Северна Македонија на 5 јули.
Како што стои во соопштението од ОЈО, осомничените, за време на јавен собир на граѓани, учествувале во толпа и заеднички дејствувале така што започнале да ја влечат заштитната метална ограда поставена од МВР. Oткако ја оттргнале оградата, со тврди предмети – камења, бекатон плочки, железни предмети, сообраќајни знаци, корпи за отпадоци, пиротехнички средства и молотови коктели започнале да фрлаат кон зградата на Собранието.