„Претседателот Путин рече дека ако Зеленски сака да разговара може да дојде во Москва и да го стори тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски преку отворено писмо повика на тет-а-тет средба меѓу него и Владимир Путин за ставање крај на четиригодишната војна
Украинскиот претседател Володимир Зеленски може во секое време да дојде во Москва ако сака да разговара со рускиот претседател Владимир Путин – изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, откако Зеленски преку отворено писмо повика на тет-а-тет средба меѓу него и Путин за ставање крај на четиригодишната војна.

Песков рече дека Кремљ го разгледал писмото и му поднел извештај на рускиот претседател.
„Претседателот Путин рече дека ако Зеленски сака да разговара може да дојде во Москва и да го стори тоа“,
рече портпаролот на Кремљ.
Коментирајќи ги напорите на САД да помогнат во решавањето на конфликтот, Песков рече дека Русија никогаш не ја идеализирала улогата на Вашингтон и дека нејзините национални интереси остануваат врвен приоритет.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, преку отворено писмо повика на тет-а-тет средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин, со цел, како што рече, завршување на војната преку нивен директен ангажман. Тој оценува би било погрешно да се чека на САД повторно да го фокусираат своето внимание на завршувањето на конфликтот меѓу Русија и Украина, додека во моментов се фокусираат на војната со Иран.
Украинскиот претседател, исто така, повика да се одреди јасен датум за состанокот, додавајќи дека Украина е подготвена да спроведе целосен прекин на огнот во текот на преговорите.
