Се разбира, ја поздравуваме таквата политичка волја, но со оглед на де факто и де јуре ситуацијата што сега ја имаме на украинска страна, таквите платформи се невозможни, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков
Официјален Кремљ денеска ја поздрави понудата на Ватикан да обезбеди преговарачка платформа за решавање на украинскиот конфликт, но дека позицијата на Киев го прави тоа „невозможно“.
„Се разбира, ја поздравуваме таквата политичка волја, но со оглед на де факто и де јуре ситуацијата што сега ја имаме на украинска страна, таквите платформи се невозможни“,
изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавува Ројтерс.
Папата Франциск во интервју за италијанскиот весник „Стампа“ пред десет дена повтори дека Ватикан е подготвен да направи сè што е можно за да посредува и да стави крај на конфликтот меѓу Русија и Украина.
Портпаролот на Кремљ, исто така, ги негираше информациите дека руските сили планираат да ја напуштат нуклеарната централа Запорожје во Украина, додавајќи пред новинарите дека не треба да бараат знаци таму каде што ги нема.
Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски излезе со тврдења дека Русија наскоро ќе изврши серија нови ракетни напади врз неговата земја, предупредувајќи ги неговите одбранбени сили и граѓаните да се подготват за нападот.
„Разбираме дека терористите подготвуваат нови напади. Тоа сигурно го знаеме. И сè додека имаат проектили, тие нема да запрат, за жал“,
рече синоќа Зеленски во своето неделно вечерно обраќање.