„Додека имаат проектили, тие нема да запрат, за жал. Претстојната недела може да биде тешка како и минатата. Нашите одбранбени сили се подготвуваат. Целата земја се подготвува. Ги разработуваме сите можни сценарија“, вели Зеленски
Русија во текот на ноќта нападна три населени места во областа Никопол во јужната област Днепропетровск, изјави гувернерот Валентин Резниченко, пренесува „Киев индепендент“.
Според гувернерот, повеќе од 30 руски гранати се паднати во тие области.
Нема информации за жртви, а детали за штетите сè уште се утврдуваат“,
рече тој.
Регионот Никопол, контролиран од Украина, се наоѓа веднаш преку реката Днепро од градот Енерходар, изграден околу најголемата нуклеарна централа во Европа, окупирана од руските сили од 4 март. Русија ја користи централата како база за напади врз Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека оваа недела може да биде тешка како и минатата, бидејќи Русите подготвуваат нови напади.
„Разбираме дека терористите подготвуваат нови напади. Тоа сигурно го знаеме. И додека имаат проектили, тие нема да запрат, за жал. Претстојната недела може да биде тешка како и минатата. Нашите одбранбени сили се подготвуваат. Целата земја се подготвува. Ги разработуваме сите можни сценарија, вклучително и консултации со нашите партнери“,
рече тој.
Зеленски ги повика Украинците да ги почитуваат безбедносните мерки за време на сирените за воздушни напади и да им помагаат на луѓето околу нив секогаш кога е можно.
Тој додаде дека во повеќето региони ќе се спроведуваат само редовни прекини.
„Ситуацијата е под контрола“,
рече тој.
Тој нагласи дека ситуацијата на фронтот се уште е многу тешка, особено во регионот на Донецк.