Портпаролот на Кремљ, исто така, им рече на новинарите дека е премногу рано да се зборува за дијалог со САД за продолжување на Договорот за нуклеарно оружје
Среднорочните избори во САД нема да ги подобрат лошите односи меѓу Москва и Вашингтон, соопшти Кремљ, отфрлајќи ги обвинувањата дека Русија се мешала во американските избори, пренесоа руските државни медиуми.
„Овие избори се важни, но не треба да се преувеличува нивното краткорочно и долгорочно значење за нашите односи. Овие избори не можат да променат ништо важно. Односите се и ќе останат лоши“,
го цитира РИА портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во обраќањето пред новинарите.
Песков рече дека Москва е толку навикната да слуша за мешање на Русија во американските избори што не обрнува внимание на новите рунди обвинувања.
Портпаролот на Кремљ, исто така, им рече на новинарите дека е премногу рано да се зборува за дијалог со САД за продолжување на Договорот за нуклеарно оружје.