По венчавањето во храмот „Свети Петар и Павле“, претседателката Сиљановска-Давкова им се придружи на младенците и свадбарите во традиционалното оро
На манифестацијата посочи дека проследила дел од свадбарските обичаи кои со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај
Заедничкиот живот да им биде исполнет со љубов, доверба и меѓусебна почит, а домот со разбирање и детска смеа, им посака претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на годинашните младенци на Галичката свадба, Мартина Михајлова и Александар Пендароски.
На младенците таа им подари галичка пафта со мотив од традиционалната галичка носија, која е симбол на плодноста и македонското свадбено богатство.

Според неа, Галичката свадба од година во година привлекува се повеќе домашни и странски посетители и останува еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет.
На манифестацијата посочи дека проследила дел од свадбарските обичаи кои со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај.
„Денеска, на Галичката свадба, најмладите галичани ме пречекаа со домашна нафора и сол, а потем проследив дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство“,
напиша таа на Фејсбук.

По венчавањето во храмот „Свети Петар и Павле“, претседателката Сиљановска-Давкова им се придружи на младенците и свадбарите во традиционалното оро.
Манифестацијата започна во петокот, на 10 јули, со културно-забавна програма.
Организатор е Месната заедница „Галичник“, покровител е претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а институционална поддршка обезбедува Министерството за култура и туризам, заедно со повеќе компании и пријатели на Галичник.
