Во последниве десет години за 33 пати се зголемил бројот на пријави за каснување од кучиња. Во 2013 ги имало 53, а во 2022 година дури 1 785. Лани само Скопје и уште девет поголеми општини исплатиле 720 000 евра отштета за каснувања од куче.
„360 степени“ истражуваше дали пријавите за каснувања се должат на зголемениот број кучиња во градовите или, пак, можеби, луѓето наоѓаат нов, креативен начин за извлекување јавни пари?
Целата сторија може да ја видите на линкот подолу.
(Ова видео е подготвено од тимот на 360° со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во видеото му припаѓаат на тимот на 360° и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на САД.)