Како што објавија дел од медиумите, станува збор за планинар-алпинист на возраст од околу 70 години од тетовското село Џепчиште
Со хеликоптер е пренесено безживотно тело пронајдено на Шар Планина, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово.

„Околи 17:30 часот од подрачјето на Шар Планина со хеликоптер е пренесено безживотно тело, пронајдено на над 2 500 метри надморска височина“,
се вели во полицискиот извештај.
Според полицијата, безживотното тело е пронајдено по пријава од граѓани околу 14:30 часот.
Оттаму најавуваат повеќе детали во текот на утрешниот ден.
Како што објавија дел од медиумите, станува збор за планинар-алпинист на возраст од околу 70 години од тетовското село Џепчиште.
