Во Скопје во моментов активни се 1 880 случаи со ковид-19. Од нив, 24 се потврдени во изминатото деноноќие. Дистрибуцијата по општини покажува дека најмногу активни во овој момент се во Чаир – 291.
Уште една општина каде има над 200 активни случаи е Гази Баба со 207. Трет е Аеродром со 189.
Понатаму, состојбата по општини изгледа вака:
- Карпош – 168
- Центар – 162
- Кисела Вода – 148
- Бутел – 140
- Ѓорче Петров – 120
- Сарај – 115
- Студеничани – 107
- Шуто Оризари – 104
- Арачиново – 34
- Илинден – 22
- Петровец – 21
- Сопиште – 20
- Чучер Сандево – 14
- Зелениково-11
- Странец – 7