Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 724 тестирања, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-24, Куманово-6, Штип-24, Прилеп-1, Тетово-7, Струга-9, Битола-1, Охрид-6, Гостивар-4, Струмица-3, Крива Паланка-1, Радовиш-5, Кочани-2, Свети Николе-3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од: Скопје-27, Куманово-16, Прилеп-4, Тетово-4, Кавадарци-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-3, Кратово-1, Кичево-1, Ресен-3.
Починати се 10 лица, четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево:
- На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 76 години;
- Во ГОБ „8 Септември“ починати се четири лица на возраст од 85,71 и 53 години, а кај 48 годишен пациент вирусот е потврден постмортем;
- На Клиника за пулмологија е починат пациент на 79 години;
- На Гастроентерохепатологија пациент на возраст од 79 години;
- Во болницата во Битола почина пациент од Кичево на 82 години;
- Во КБ Тетово пациент на 60 години;
- Во „Филип Втори“ е починат пациент на 62 години.
Активни се 3 946 случаи
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9 249, бројката на оздравени пациенти е 4 871, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 946. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 4 297, активни 1 880
- Куманово 912, активни 226
- Дебар 173, активни 111
- Штип 606, активни 300
- Прилеп 312, активни 59
- Тетово 951, активни 299
- Струга 370, активни 188
- Велес 206, активни 30
- Битола 89, активни 44
- Охрид 244, активни 129
- Кавадарци 29, активни 17
- Гостивар 298, активни 196
- Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
- Струмица 31, активни 22
- Крива Паланка 23, активни 9
- Радовиш 23, активни 19
- Крушево 13, активни 8
- Кочани 90, активни 22
- Пробиштип 43, активни 27
- Демир Хисар 15, активни 13
- Македонски Брод 9, активни 5
- Пехчево 6, активни 0
- Берово 4, активни 1
- Валандово 6, активни 0
- Виница 5, активни 2
- Делчево 1, активни 0
- Кратово 12, активни 7
- Свети Николе 200, активни 185
- Кичево 100, активни 81
- Ресен 140, активни 56
- Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 724 теста се преку: ИЈЗ-444, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ-1, Жан Митрев (Филип Втори)-125, Систина со PCR метода-94, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-16, ГАК-43, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 86.543 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Низ болниците во земјава хоспитализирани се 428 пациенти
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациент. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 позитивни деца, 2 деца и една мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 92 пациент. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.