Во последниве 24 часа во земјава се регистрирани 111 излекувани пациенти од ковид-19, потврдени се нови 23 случаи, а четири лица починале, информира Министерството за здравство.
„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ ‘8 Септември’ почина пациентка од Гостивар на 59 години. Во денешниот извештај на Институтот се евидентирани и две починати лица од околината на Куманово, на возраст од 72 и 79 години, пациентка која се лекувала во домашни услови и пациентка која се лекувала на инфективното одделение во болницата во Куманово“,
информира Министерството.
Оздравените 111 лица по градови се од: Скопје – 13, Куманово – 74, Штип – 1, Прилеп – 18, Битола – 1, Охрид – 1, Крива Паланка – 1, Пробиштип – 1 и Демир Хисар – 1.
Од вкупно 386 тестирања во последниве 24 часа, регистрирани се нови 23 пациенти, и тоа во: Скопје – 5, Куманово – 5, Прилеп – 3, Тетово – 6, Велес – 2 и Неготино – 2. Двете лица заведени во подрачната единица во Неготино се жители на Демир Капија.
Тестовите се направени во: ИЈЗ –287, Ветеринарен факултет – 11 , „Авицена“ – 14, „Биотек“ –20, „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 23, „Систина“ со PCR-метода – 21 и МАНУ – 10. Досега во земјата се направени вкупно 16 436 тестирања за ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени двајца нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 49. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација се двајца пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет нови, а вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се четири пациенти, а уште три се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекуваат четири пациенти, а на домашно лекување се следат тројца. Во болницата во Штип се хоспитализирани двајца пациенти, а уште пет се следат на домашно лекување.
На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 46 позитивни и суспектни на ковид-19.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани со ковид-19 во нашата земја изнесува 1 465, бројката на оздравени пациенти е 738 , на починати е 77, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 650. Последната дистрибуција по градови е следна:
– Скопје – 498
– Куманово – 389
– Дебар – 51
– Штип – 34
– Прилеп – 150
– Тетово – 82
– Струга – 66
– Велес – 71
– Битола – 19
– Охрид – 15
– Кавадарци – 5
– Гостивар – 17
– Гевгелија – 4
– Струмица – 2
– Крива Паланка – 5
– Радовиш – 4
– Крушево – 3
– Кочани – 28
– Пробиштип – 2
– Кичево – 2
– Неготино – 9
– Демир Хисар – 1
– Македонски Брод – 2
– Пехчево – 2
– Делчево – 1
– Валандово – 1
– Виница – 2