Во последното деноноќие регистрирани се 525 нови случаи и 449 оздравени пациенти
Во последните 24 часа направени се 3 858 тестирања, а регистрирани се 525 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство (МЗ).
Најмногу од новите случаи се во Скопје – 268, додека останатите се во: Куманово – 40, Струмица – 27, Штип – 25, Битола – 23, Охрид – 17, Велес и Свети Николе – по 16, Кавадарци – 15, Кичево – 14, Прилеп и Кочани – по 10, Крива Паланка – 9, Гевгелија – 6, Струга – 5, Тетово и Радовиш – по 4, Неготино – 3, Гостивар, Берово, Валандово и Кратово – по 2, Ресен, Виница, Пробиштип, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Регистрирани се 449 оздравени пациенти од: Скопје – 246, Куманово – 30, Струмица – 28, Штип – 20, Кавадарци – 14, Кичево – 13, Гостивар – 12, Велес и Свети Николе – по 10, Битола и Кочани – по 9, Прилеп, Тетово и Радовиш – по 7, Крива Паланка, Гевгелија и Ресен – по 5, Богданци – 4, Кратово и Виница – по 2, Неготино, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 3 починати лица од Скопје (82г, 83г и 87г), по 2 починати лица од Куманово (75г и 65г) и Тетово (69г и 38) и по едно починато лице од Прилеп (81г), Демир Хисар (71г), Кичево (70г), Штип (69г) и Делчево (60г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
„Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 лица, со датум на смрт во период од 22.08.2021 до 19.09.2021 година. Овие починати лица се: по 2 од Тетово и Куманово, и по едно починато лице од Кичево и Гостивар. Починатите се на возраст од 56-84 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите 5 лица се починати во домашни услови“,
велат од МЗ.
Активни се 12 207 случаи
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189 159 бројката на оздравени пациенти е 170 395, на починати е 6 557, а бројот на активни случаи изнесува 12 207.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 82 180, Активни 5 714
- Куманово 11 198, Активни 937
- Тетово 10 781, Активни 951
- Прилеп 8 973, Активни 297
- Гостивар 7 945, Активни 497
- Битола 7 012, Активни 271
- Велес 6 114, Активни 311
- Охрид 5 880, Активни 491
- Кавадарци 5 809, Активни 213
- Струмица 5 670, Активни 322
- Штип 5 636, Активни 246
- Кичево 3 917, Активни 411
- Струга 3 773, Активни 364
- Кочани 3 178, Активни 133
- Гевгелија 2 382, Активни 81
- Неготино 2 304, Активни 45
- Свети Николе 1 862, Активни 117
- Ресен 1 524, Активни 104
- Радовиш 1 496, Активни 109
- Дебар 1 445, Активни 123
- Крива Паланка 1 388, Активни 78
- Берово 1 205, Активни 35
- Делчево 1 113, Активни 66
- Виница 1 018, Активни 51
- Пробиштип 904, Активни 45
- Валандово 802, Активни 36
- Богданци 544, Активни 12
- Кратово 543, Активни 51
- Крушево 518, Активни 14
- Македонски Брод 463 31
- Демир Хисар 431, Активни 19
- Демир Капија 408, Активни 6
- Пехчево 310, Активни 6
- Македонска Каменица 294, Активни 19
- Дојран 139, Активни 1