Поголем број новозаразени во 24 часа досега се регистрирани само на 19 јули – 240 лица
Во изминатото деноноќие, шест лица починале како последица од ковид-19, додека регистрирани се дури 225 нови заразени со коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Бројката од 225 новозаболени втора највисока во земјава од почетокот на пандемијата, откако на 19 јули имаше дури 240 заразени во 24 часа.


Овие 225 нови случаи се откриени при 1 694 тестирања. Најмногу нови случаи има во Скопје-96. Состојбата во другите градови е следна: Куманово-8, Штип-7, Прилеп-8, Тетово-15, Струга-3, Велес-5, Битола-8, Охрид-2, Кавадарци-6, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-11, Крива Паланка-7, Радовиш-1, Кочани-17, Пехчево-1, Берово-10, Валандово-3, Виница-1, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-4.
Сите шест починати биле хоспитализирани и се на возраст од 59 до 83 години, и тоа: тројца од Скопје (63, 71 и 83) и по еден од Прилеп (78), Тетово (63) и Битола (59).
Институтот за јавно здравје соопшти дека во истиот период има 96 оздравени пациенти од: Скопје-33, Куманово-10, Штип-2, Прилеп-5, Тетово-13, Велес-2, Битола-3, Кавадарци-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-6, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-4.
Со денешната бројка, вкупно дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата има 18 363, оздравени пациенти се 15164, починати се 749, а во моментов бројот на активни случаи во земјата има 2 450. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 7 195, активни 834
• Куманово 1 785, активни 182
• Дебар 287, активни 32
• Штип 1 269, активни 56
• Прилеп 697, активни 126
• Тетово 1 470, активни 150
• Струга 676, активни 45
• Велес 335, активни 36
• Битола 322, активни 71
• Охрид 432, активни 35
• Кавадарци 247, активни 47
• Гостивар 938, активни 83
• Гевгелија 130, активни 42 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 272, активни 167
• Крива Паланка 120, активни 34
• Радовиш 90, активни 26
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 392, активни 172
• Пробиштип 116, активни 20
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 93, активни 7
• Пехчево 45, активни 4
• Берово 114, активни 39
• Валандово 39, активни 26
• Виница 117, активни 28
• Делчево 165, активни 82 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 26, активни 2
• Свети Николе 359, активни 46
• Кичево 332, активни 36
• Ресен 164, активни 11
• Неготино 55, активни 8 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1 694 теста се преку: ИЈЗ-552, ЦЈЗ Скопје-63, Авицена-333, Биотек-138, МАНУ-113, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Систина со PCR метода -156, лабораторија Лаор-40, Судска медицина-15, ЦЈЗ Битола-74 Инфективна клиника-4, ГАК-14, Синлаб-27. Досега во земјата се направени вкупно 191 821 тестирања на ковид-19.
Во болниците има 374 пациенти, тројца се на респиратор
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.