Пораст во бројот на новозаразени има и во Скопје – 96 за едно деноноќие, каде што има и најголем број од вкупно активните случаи на ковид во земјава – 834.
До вчера Аеродром и Центар беа општините со над 100 активни случаи, а од денеска им се приклучија и Карпош со 111 (вчера 99) и Гази Баба со 100 (вчера 88). Во Аеродром бројката се искачи на 147 случаи (вчера 123), а во Центар 127 (вчера 118).
Во останатите општини ситуацијата е следна:
• Чаир – 59
• Кисела Вода – 95
• Ѓорче Петров – 59
• Бутел – 29
• Шуто Оризари – 18
• Студеничани – 8
• Сарај – 14
• Арачиново – 6
• Илинден – 33
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 6
• Петровец – 5
• Зелениково – 3
• Странец – 12
• Нераспределени – 5