По краткото обраќање на претседателот Навроцки пред демонстрантите, претседателот на судот, Швјенчковски, изјави дека Уставниот суд е составен од „законски именувани судии, а не од узурпатори кои влегле преку задната врата, придружувани од владини безбедносни сили“

Неколкумесечниот спор околу контролата врз судството во Полска ескалира синоќа во Варшава. Полиција за разбивање демонстрации беше распоредена пред Уставниот суд на Полска, во услови на ескалација на конфликтот меѓу владата и највисоките судии во судот. Полициската интервенција уследи откако министерот за правда Валдемар Журек изјави дека побарал да им се одземе имунитетот на претседателот на судот, Богдан Швјенчковски, и на потпретседателот Бартломеј Сочански, со цел против нив да се покренат кривични обвиненија, пишува Би-би-си.
Спорот е меѓу владата на премиерот Доналд Туск и неговите претходници од десничарската партија Право и правда (PiS).
Туск вети дека ќе го деполитизира судството и го бранеше овој потег, додека поддржувачи на Право и правда се собираа пред зградата на судот во Варшава за да протестираат.
Според зборовите на шефот на неговиот кабинет, претседателот Карол Навроцки – кој ужива поддршка од Право и правда – влегол во Уставниот суд.
Навроцки го прекинал патувањето за Сенегал додека бил во авион, за да се вклучи во решавањето на конфликтот во Варшава.
По краткото обраќање на претседателот Навроцки пред демонстрантите, претседателот на судот, Швјенчковски, изјави дека Уставниот суд е составен од „законски именувани судии, а не од узурпатори кои влегле преку задната врата, придружувани од владини безбедносни сили“.
Тој ги опиша синоќешните настани како „државен удар“ и „напад врз уставна државна институција“.
Од друга страна, министерот за правда Валдемар Журек го окарактеризира насилното влегување на Навроцки во зградата на Уставниот суд како вознемирувачко однесување.
Полицијата за разбивање демонстрации беше распоредена за да спречи демонстрантите да влезат во зградата на судот.
#BreakingNews 🇵🇱 Unconfirmed reports of a potential coup attempt led by Prime Minister Donald Tusk have emerged in Poland. President #Nawrocki has reportedly aborted an overseas visit mid-flight and is returning home. https://t.co/MEJilbLDqn #Poland #Warsaw #RegimeChange #Coup https://t.co/CDA8uo1PZn
— People’s Eye (@eye_peoples) October 30, 2026
Во објава на социјалните мрежи, Уставниот суд наведе дека двајцата судии, кои владата сака кривично да ги гони, сè уште се законски именувани високи судии во судот.
„Сите лица што учествуваат во овие дејствија вршат кривично дело – државен удар“,
се вели во објавата.
Во својаta објава на социјалните мрежи, Туск напиша:
„Враќањето на владеењето на правото е наша должност. По години беззаконие за време на владеењето на Право и правда, ова е тежок, а понекогаш и болен процес, кој бара одлучни чекори. Друг начин не постои“.
Денеска Навроцки изјави дека долготрајниот спор со владата на Доналд Туск околу Уставниот суд претставува закана за внатрешната безбедност на земјата, откако во текот на ноќта тој ескалира во конфликт.
Обраќајќи им се на демонстрантите пред зградата на судот, која беше опколена од безбедносните сили, откако претходно во текот на ноќта насилно влезе во неа, Навроцки повика на итни консултации со сите партии застапени во парламентот, со цел „да се стабилизира политичката ситуација и да се врати уставниот поредок“.
Претседателот побара „воспоставување на владеењето на правото и повлекување на безбедносните сили од просториите на судот, кои претходно беа распоредени од владата“.
