Бројката на заразени со ковид-19 од почетокот на пандемијата во светот надмина 96 милиони. Во моментов, според веб-страницата „Ворлдометар“, се заразени 96 052 536 заразени, а од нив активни се нешто повеќе од 25 милиони.
Вкупниот број на смртни случаи, пак, е над 2 милиони, додека бројот на оздравени изнесува 68,7 милиони.
Најголем број на потврдени случаи има во САД со повеќе од 24,6 милиони, Индија над 10,5 милиони, Бразил повеќе од 8,5 милиони, Русија речиси 3,6 милиони и Велика Британија – повеќе од 3,4 милиони.
Во последните 24 часа само во САД имаше речиси 400 000 новозаразени лица, соопшти Универзитетот „Џон Хопкинс“.
Според Универзитетот, во САД почетокот на епидемијата заразени се најмалку 24 018 793 лица, додека умреле 398 307, пренесе „Си-ен-ен“.
Според анализите на универзитетот, првите 12 милиони лица во САД се заразиле за 305 дена, додека заразувањето на вторите 12 милиони траело само 59 дена.