Во ковид-центрите во Скопје во последните 24 часа примени се 11 нови пациенти, а пуштени се 35 излекувани, со што вкупниот број на хоспитализирани изнесува 286.
Тие се сместени во осум ковид-центри во главниот град, а бројот на слободни кревети изнесува 119.
Најмногу пациенти лежат во Градската општа болница „8 Септември“ – 95 и на Инфективната клиника-78.
На детската клиника во Козле, пак, има 19 пациенти.
Во ковид-центрите на интерните клиники состојбата е следна: на Кожната клиника се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 22, на Институтот за ТБЦ 17, на Клиниката за нефрологија 18, а на Клиниката за гастроентерохепатологија 16 пациенти.
Бројот на пациенти кои се лекуваат во болница во изминатиов период е во опаѓање и од дневните извештаи на Министерството за здравство може да се види дека капацитетот во болниците на ниво на држава е половично исполнет. Поради намалувањето на хоспитализираните, изминативе денови се затворија и два ковид-центри во Скопје, на Очната и на Клиниката за уво, нос и грло.
