Појасни дека кога ќе почне вакцинацијата со првите 30 000 вакцини, предност ќе им биде дадена на ризичните групи според дијагнозата во центрите за јавно здравје

Министерот за здравство Сашо Клековски очекува дека од 16 до 25 октомври ќе почне вакцинацијата против сезонски грип.
Првите 30 000 вакцини, Клековски вели дека веќе се пристигнати, а втората пратка со околу 26 000 вакцини треба да пристигне до 15 ноември.
Министерот вели дека сега се организира логистиката со центрите за јавно здравје за да може да почне вакцинацијата и посочи дека ќе биде првиот што ќе се вакцинира за да го поттикне пријавувањето.
„Кај нас вакцинацијата ќе започне порано отколку кај некои од соседите кои се многу поразвиени, зборувам не за првите соседи, туку за некои од соседите кои ќе започнат со вакцинација во ноември. Мислам дека целата акција за вакцинација од сезонски грип ќе се одвива навремено и соодветно. Имаме 56 000 дози и работиме до 80 000 дози да постигнеме. Значи, ни беше важно да стигнат 30 000 вакцини и да почнеме веднаш со најризичните групи. На 15 ноември ќе ги имаме следните 26 000, а во меѓувреме ќе потрудиме да ги обезбедиме и остатокот до 80 000 вакцини“,
вели Клековски.
Појасни дека кога ќе почне вакцинацијата со првите 30 000 вакцини, предност ќе биде дадена на ризичните групи според дијагноза во центрите за јавно здравје.
Пријавувањето рече дека ќе мора да биде во модулот во „Мој термин“, за да се има увид за севкупната состојба.
