Според статистиката од изминатите 24 часа, во болниците во земјава, од ковид-19 се лекуваат 651 лице, додека има слободни 621 место
Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот, кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава, е 650 и има околу 621 празен болнички кревет во ковид-центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 14 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, со што вкупно 280 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 376 пациенти.
Според извештаите кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 38 пациенти, во Штип 28 , на инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 31, а во Куманово 56 пациенти.
Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 43, во ковид-центарот во Гостивар 16, а во Струга 13 лица. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 25 пациенти, во Кочани 9, во Кичево 12, Кавадарци 23, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 11 позитивни и сомнителни на коронавирусот.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Вчера вкупната бројка на пациенти, позитивни и сомнителни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава беше 685.
