Најмногу хоспитализирани има во „8 Септември“ и на Инфективната клиника во Скопје, како и во болниците во Куманово, Прилеп, Охрид и Штип
Во болниците во земјава се лекуваат 797 пациенти кои се сомнителни или позитивни на ковид-19, а според денешниот пресек на состојбите, има слободни околу 518 болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.
Од хоспитализираните, во ковид-центрите во Скопје се сместени 355, додека во останатите градови 442 пациенти.
Во Скопје најмногу се хоспитализирани во Градската општа болница „8 Септември“ – 103 и на Инфективната клиника – 90. Во Детската клиника во Козле, пак, се третираат 27 пациенти.
Во останатите ковид-центри во главниот град состојбата е следна: на Кожната клиника се лекуваат 19 пациенти; на Клиниката за неврологија 21; на Институтот за ТБЦ 25; на Клиниката за нефрологија 20; на Клиниката за очни болести 5; на ОРЛ 19; и на Клиниката за гастроентерохепатологија 23.
Кога станува збор за ковид-одделенијата во другите градови, најмногу пациенти има во болниците во Куманово – 68, во Прилеп – 58 и во Охрид – 50.
Понатаму, во штипската се хоспитализирани 49, во болницата во Струмица 42, во Струга 29, во Велес 27, Битола 26, во Кавадарци 23, во Тетово 17, во Кочани и Гостивар по 13, во Кичево 12, во Гевгелија 9 во Дебар 6 пациенти.
