Во последните 24 часа, шест лица починаа како последица на ковид-19, а регистрирани се 140 нови случаи на заразени со коронавирус, соопшти Министерството за здравство.
Починатите се на возраст од 55 до 84-годишна возраст и тоа тројца пациенти од Скопје (84, 73 и 74г), двајца од Тетово (68 и 55г) и еден пациент од Струга (62г), сите во болнички услови.
Изминатото деноноќие направени се 1 397 тестирања, при што регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-47, Куманово-18, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-15, Струга-3, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-2.
Институтот за јавно здравје информира за 60 оздравени пациенти од: Скопје-25, Куманово-9, Штип-3, Прилеп-2, Струга-3, Охрид-2, Кавадарци-2, Крива Паланка-1, Кочани-6, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-1, Кичево-2.
Со ова, вкупната бројка на ковид – дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16 557, бројката на оздравени пациенти е 13 792, на починати е 689, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 076.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6535, активни 586
• Куманово 1673, активни 201
• Дебар 275, активни 40
• Штип 1230, активни 74
• Прилеп 602, активни 129
• Тетово 1363, активни 157
• Струга 642, активни 63
• Велес 303, активни 30
• Битола 267, активни 61
• Охрид 402, активни 47
• Кавадарци 214, активни 36
• Гостивар 893, активни 104
• Гевгелија 103, активни 61 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 162, активни 95
• Крива Паланка 93, активни 38
• Радовиш 68, активни 22
• Крушево 20, активни 3
• Кочани 238, активни 84
• Пробиштип 101, активни 21
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 89, активни 10
• Пехчево 42, активни 18
• Берово 79, активни 22
• Валандово 14, активни 5
• Виница 97, активни 27
• Делчево 142, активни 73 (29 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 4
• Свети Николе 315, активни 20
• Кичево 301, активни 28
• Ресен 160, активни 13
• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1 397 теста се преку: ИЈЗ-346, ЦЈЗ Скопје-47, Авицена-296, Биотек-192, МАНУ -78, Жан Митрев (Филип Втори)-113, Систина со PCR метода -164, лабораторија Лаор –73, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-1, ГАК-12, Синлаб-18. Досега во земјата се направени вкупно 174.097 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.