Четири починати лица, 141 новозаразени и 93 оздравени, е состојбата со коронавирусот во земјава во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство.
Од направените 2 006 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-19, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-6, Тетово-6, Струга-16, Велес-2, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-2, Гевгелија-1, Радовиш-1, Пробиштип-2,Македонски Брод-2, Берово-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 93 оздравени пациенти од: Скопје-25, Штип-33, Прилеп-1, Тетово-10, Велес-2, Битола-7, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Кичево-11.
Од починатите четирилица, двајца се од Скопје (54г. и 55г.), еедна жена е од Кавадарци (69г.), и еден маж од Свети Николе (70г.), сите во болнички услови.
Заклучно со денеска, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12 653, на оздравени пациенти е 9 123, на починати е 539, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 991. Денеска се евидентирани и три контролни теста.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5373, активни 1007
• Куманово 1252, активни 262
• Дебар 226, активни 67
• Штип 1042, активни 275
• Прилеп 358, активни 37
• Тетово 1129, активни 152
• Струга 521, активни 187
• Велес 243, активни 28
• Битола 183, активни 75
• Охрид 307, активни 80
• Кавадарци 148, активни 106
• Гостивар 625, активни 266
• Гевгелија 28, активни 10 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)
• Струмица 49, активни 20
• Крива Паланка 28, активни 5
• Радовиш 37, активни 9
• Крушево 16, активни 2
• Кочани 128, активни 34
• Пробиштип 69, активни 19
• Демир Хисар 53, активни 32
• Македонски Брод 65, активни 49
• Пехчево 8, активни 2
• Берово 13, активни 8
• Валандово 8, активни 2
• Виница 46, активни 41
• Делчево 8, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 15, активни 3
• Свети Николе 258, активни 66
• Кичево 236, активни 124
• Ресен 146, активни 9
• Неготино 35, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направени се 2 006 теста и тоа преку: ИЈЗ-525, ЦЈЗ Скопје-13, Авицена-180, Биотек-401, МАНУ -94, Жан Митрев (Филип Втори)-358, Систина со PCR метода -312, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-98, Инфективна клиника-12, ГАК-13.
Досега во земјата се направени вкупно 125 128 тестирања на ковид -19, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот.