Во последните 24 часа се направени 4 047 тестови, а регистрирани се 1 269 нови случаи, од кои 162 реинфекции; како излекувани се регистрирани 848 пациенти
Регистрирани се уште 25 смртни случаи како последица на ковид-19, од кои 14 во последното деноноќие, а другите во периодот од 30 јануари до 12 февруари.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се четири смртни случаи од Скопје (53г, 64г, 84г и 85г), по две починати лица од Охрид (75г и 88г), Струга (71г и84г) и Кочани (67г и 79г) и по едно од Делчево (73г), Куманово (74г), Прилеп (70г) и Струмица (62г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително се пријавени 11 починати лица од: Скопје (2), Тетово (2), Кочани (2), Прилеп (1), Дојран (1), Кавадарци (1), Охрид (1) и Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 59 до 91година и тие починале во период од 30 јануари до 12 февруари. Седуммина се починати во домашни услови, а четири лица во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 23 лица се регистрирани коморбидитети, информираат од Министерството за здравство.
Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 4 047 тестови, а регистрирани се 1 269 нови случаи на ковид -19: Скопје – 686, Тетово – 75, Битола – 65, Куманово – 61, Велес – 48, Гостивар – 44, Кавадарци – 33, Прилеп – 32, Кичево – 26, Гевгелија – 25, Охрид и Валандово – по 20, Неготино – 16, Ресен – 12, Струмица и Струга – по 11, Дебар – 9, Кочани, Крива Паланка и Богданци – по 8, Штип и Делчево – по 7, Радовиш и Крушево – по 6, Виница – 5, Свети Николе и Кратово – по 4, Берово и Демир Хисар – по 3, Демир Капија и Пехчево – по 2, Пробиштип и Дојран – по 1.
Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 162 реинфекции.
Регистрирани сe 848 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 1 852 018 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 288 750, бројот на оздравени пациенти е 269 862, на починати е 8 793, а бројот на активни случаи изнесува 10 095, од кои повеќе од половина (5 924) се во Скопје.