Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а за случајот бил известен и јавен обвинител
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес привеле жител на градот, кој се сомничи за предизвикување пожар, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Педесет и деветгодишниот велешанец со иницијали Т.Т., бил лишен од слобода вчера попладне, а според описот на случајот, тој пожарот го предизвикал палејќи сува трева и отпаден шут во дворот.
Огнот од запалената трева и шут, како што информираат од МВР, се проширил на ридот во близина и бликнал во пожар, поради што морала да интервенира велешката Територијална противпожарна единица.
Повредени лица во пожарот нема.
Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а за случајот бил известен и јавен обвинител.
